info@karti.com.mk

Жизел - Адолф Адам

мај

21

600-1000 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

zizel - makedonska opera i balet

50 МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ
Адолф Адам
„Жизел“
21.5.2022, 20:00

Диригент: Давид Мукериа (Грузија)
Кореограф: Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски
Адаптација: Ирена Пасариќ (Хрватска)
Сценограф: Александар Ношпал и Михајло Стојановски
Костимограф: Александар Ношпал
Асистент костимограф: Ангела Богеска
Концерт мајстор: Климент Тодороски
Светло дизајн: Милчо Александров
Репетитори: Елeонора Михајловна Стебљак (Украина), Горан Божинов, Александра Мијалкова, Лора Тарчуговска, Билјана Пашариковска

Настапуваат:
Жизел:
Алберт: Станислав Ошланскиј (Украина)
Хиларион: Игор Веланоски
Мирта: Ивана Коцевска
Па де де: Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија)

Синопсис
Балетот Жизел е романтичен балет во два чина. Од неговата праизведба во Париз 1841 година па до денес, тоа е еден од ретките балети кој има непрекината традиција на изведување.

Првиот чин ја прикажува средбата на Жизел-девојка од село и грофот Алберт, кој е дојден на лов. Таа безгранично се вљубува во него, но не знае дека тој е благородник. Шумарот Хиларион, кој исто така ја сака Жизел, дознава за потеклото на грофот и кога неговата свита доаѓа во градот, меѓу кои и неговата свршеница Батилда, тој го разоткрива Алберт пред сите. Жизел не можејќи да ја прифати лагата за лажната љубов умира од болка.
Вториот чин ја прикажува играта на самовилите, кои всушност се девојки кои умираат пред својата свадба. Тие преку ноќ излегуваат од своите гробови и танцуваат. Секој што ќе ја види нивната игра мора да умре.
Таа ноќ во шумата доаѓа Хиларион, а потоа и Алберт и ја искажуваат својата љубов на мртвата Жизел. Хиларион е фатен од самовилите и убиен, а Алберт го спасува љубовта на Жизел, која со него игра до раните зори. Кога сонцето изгрева самовилите исчезнуваат.