info@karti.com.mk

МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА

                                 


Купувајте карти преку мобилната апликација Karti MK директно од Вашиот смарт уред и употребувајте го истиот како карта за влез на настанот! 

Апликацијата можете да ја превземе од App Store или Play Store.


Инсталирајте ја мобилната апликација веднаш! Скенирајте го QR кодот и превземете ја апликација.

 

                                 

За Апликацијата

Karti.com.mk е мобилна апликација која служи за лесно и брзо купување на карти преку мобилен телефон. Преку оваа апликација ќе можете да најдете карти за спортски, музички, културни и секаков друг вид на настани и фестивали. Дополнително, оваа апликација, Ви овозможува брз и лесен влез на настанот со користење на бар код/ QR код кој го добивате откако успешно ќе биде извршено плаќањето за Вашите карти, за оние настани каде оваа опција е овозможена од организаторот. Доколку купувате карти преку апликацијата, ќе можете да го проверите статусот на Вашата нарачка и исто така да ги промените Вашите податоци за следни нарачки. Бидејќи апликацијата ги листа сите настани за кои Вие сте купувале карти, ќе имате можност да ја гледате и Вашата историја на купување. Исто така, ќе добивате и порака за известување во моментот кога ќе започне продажба за некој нов настан, доколку ја одберете оваа опција.

Karti.com.mk апликацијата Ви нуди можност да бидете одговорни за околината. За некои од настаните, Вие може да влезете само со покажување на бар кодот/QR кодот од Вашиот мобилен телефон, а со тоа да избегнете непотребното печатење на хартија и можност за губење и заборавање на картата дома. Оваа функционалност е достапна за сите настани!

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

Дадените цени во апликацијата се однесуваат за една карта, во MKD, со вклучен ддв.

Името наведено при купување на картите треба да е исто со името на личната карта на лицето кое ги подига картите!

За настаните со висок ризик, за зголемена сигурност, задолжително е да внесете број од лична карта при купувањето а подоцна со приложување на истата да ги подигнете картите од билетара.

 

Зошто ќе ја сакате оваа апликација:

  • Побрзо ќе купите карта за настанот што го сакате и ќе го изберете седиштето што го сакате.
  • Нема потреба од чување на кеш пари или барање на продажно место за да купите карти
  • Зачувување на Вашата карта на телефон, за понатамошна употреба
  • Купување на карти од телефон или од било кој компјутер/таблет преку веб страна
  • Можност за ексклузивна пред-продажба на карти за специфични настани само за корисниците на мобилната апликација
  • За одредени настани, нема потреба од печатење на карти и чување на дополнителна хартија

 

Услови за користење

Секоја карта овозможува еден и единствен влез во салата, без можност за повторно влегување доколку ја напуштите.

Купената карта не може да биде вратена или заменета. Доколку ја изгубите картата, истата не може да биде заменета со нова. Доколку настанот е откажан, организаторот има право да ги дефинира условите на надомест (вклучувајќи го и намалувањето на цената на карта заради преместување). Било каква измена на програмата, измена на распоредот итн, не претставува причина за замена или надомест.