„Животот е краток и нејасен“ – театарска претстава
Среда, 22.10.2025, 20:00 часот Македонска филхармонија
Не пропуштајте ја светската премиера на претставата „Животот е краток и нејасен“, во режија
на најдобриот полски режисер Гжегож Кемпински.
Во 2069 година, серија мистериозни убиства го потресуваат градот. Пред оваа загатка стои
началникот Гроздан, кој е симбол на некомпетентноста, корупцијата и урнатиот систем на
загубени вредности.
Преку една жестока пародија, оваа апсурдна комедија ќе Ве насмее до солзи, но и ќе Ве
натера да се запрашате: „Кои сме и каде одиме?“
Автор: Марјан Анѓеловски
Режија: Гжегож Кемпински
Играат: Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски
– Максим и Ивана Стамевска
Продукција: Алтернативен Театар Отпишани – Скопје
Цена на билет: 600 денари