info@karti.com.mk

Жељко Бебек

март

29

1500-1990 мкд

20:00

Филхармонија

Известување за одложените концерти на Авалон Продукција

Би сакале да ве информираме за одлуката на Авалон околу одложените концерти на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, кои требаше да се одржат кон крајот на месец март.

1. Сите три концертни проекти се презакажани, а датумите Авалон ќе ги објави после 24-ти март, кога ќе биде познато во кој правец ќе се движи состојбата и кога ќе заврши Забраната за прекин на организирани јавни настани што ја донесе Владата.

2. Сите оние што имаат купено влезници за концертите на BOND, Жељко Бебек и Електрични Оргазам, истите ќе им бидат важечки и за новите датуми. Оние што нема да можат да присуствуваат на концертите, ќе можат да направат рефундација од продажните места од каде што ги имаат купено влезниците, од 26-ти март.

Sanjao sam noćas Da te imam:

Безвременскиот Жељко Бебек во живо во Македонската Филхармонија!

 

Драги наши, 

Ова што го работиме од првиот ден, било, во моментов е и ќе биде задоволство пред сè... до последниот ден!

Па така, задоволството денес е големо бидејќи легендарниот Жељко Бебек со неговиот бенд ќе ни овозможи во навистина раритетниот простор на Македонската филхармонија, конечно да ги слушнеме во живо безвременските хитови од „Sanjao sam noćas da te nemam“, „Sve će to o mila moja prekriti ruzmarin snjegovi i šaš“, „Selma“, „Ima neka tajna veza“, „Doživjeti stotu“..., потоа „Oprosti mi što te volim“, „Laku noć, svirači“..., па сѐ до актуелните песни од последниот албум на Бебек “Ono nesto nase” како “Ako volis ovu zenu”, “Ljubav ko iz pjesme” и други, со кој ги наполни буквално сите концертни сали во регионов. 

Да бидеме искрени, во најголемата група на Балканот на сите времиња „Бијело Дугме“, поминаа уште двајца пејачи, ама покрај Горан Бреговиќ, посебен белег на бендот со дури шест албуми даде токму Жељко Бебек, неприкосновен вокал, којшто ги отпеа најголемите песни на бендот, а и после “Бијело Дугме” успеа да направи многу респектабилна соло кариера.

Во Македонската филхармонија, сѐ ова ќе биде споено во едно. 

Иако делува неверојатно за толку голем пејач, ова е прв пат во неговата кариера Жељко Бебек заедно со неговиот бенд да настапи соло во Скопје. 

Се очекува брз sold out! 

Бидете дел од овој уникатен концерт!

Авалон Продукција