info@karti.com.mk

ЗЏМ БИГ БЕНД И РАМБО АМАДЕУС: чудо на Балканот!

декември

08

1000 мкд

20:30

Филхармонија

ЗЏМ БИГ БЕНД И РАМБО АМАДЕУС: чудо на Балканот!

ЗЏМ со нов концерт на 8 декември: несекојдневен настан на кој ќе имате можност да ја сведочите генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот – Рамбо Амадеус, во придружба на нашиот единствен и неповторлив ЗЏМ БИГ БЕНД. Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд.

 

Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа.