info@karti.com.mk

Заспаната убавица

март

07

500-700 мкд

20:00

Национална опера и балет

ПЕТАР ИЛИЧ ЧАЈКОВСКИ

ЗАСПАНАТА УБАВИЦА

(балетска претстава)
7.3.2024 – 20.00

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Виктор Јаременко (Украина)
Асистент–кореограф:Тетјана Белецка (Украина)
Сценограф / Koстимограф: Миодраг Табачки (Србија)
Светло дизајн: Милчо Александров
Репетитори: Ирена Пасариќ (Хрватска), Горан Божинов, Александра Мијалкова,Саша Евтимова,Дафина Данилоска-Кочевска,Маја Митровска-Богојевска
Концерт мајстор:
Соло виолина:
Соло виолончело:

Инспициенти: Дубравка Шопова, Тијана Тарчуговска Георгиева
Корепетитори:Марјан Василевски,Стефан Пехчевски

 

Во главните улоги:


Принцеза Аврора: Марија Кичевска Шокаровска/Христина Наќевска
Принц Дезире: Франциско Хименез Руиз (Шпанија)/ Балаж Лочеи (Унгарија)

Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркетсраот  на Националната опера и балет

Времетраење: 2 часа

 Синопсис

Пролог

На кралот Флорестан XXIV и на неговата кралица им се родила ќерка-принцезата Аврора.Стариот церемонијал мајстор – Каталабит проверувајќи ја листата на гости,открива дека по грешка на неговиот секретар на свеченоста е поканета и лошата вила Карабос.Нејзиното име веднаш е избришано од листата на поканети.Пристигнува кралот Флорестан со кралицата во придружба на Вилите на Убавината,Среќата,Богатството,Човечноста,Расположението и Милоста.Сите носат богати дарови.Сред играта со лири на дворските дворјани и пажевите се слуша молскавичен шум на вратите.Лошата Вила Карабос бара да влезе.Кралот веднаш наредува да се затворат сите влезови,но напразно – Карабос се појавува со своите глувци,стаорци и лилјаци и веднаш го  напаѓа Каталибит.Бесна од барањето на кралот да го напушти дворецот,таа и прорекнува на принцезата Аврора дека после среќното детство во цветот на младоста,ќе се боцне со вретено и ќе умре.Вилата Јоргован го ублажува ова ужасно пророштво-принцезата Аврора нема да умре, туку ќе заспие на 100 години.Таа и останатите вили ја принудуваат вилата Карабос да го напушти дворецот и секоја од нив и го дава својот благослов на принцезата Аврора.

Прв чин

16 години подоцна.Роденден на принцезата Аврора.Народот се собира пред дворецот.На оваа свеченост пристигнале и четри странски принцови за да ја бараат раката на принцезата Аврора.Две девојки играат и сред нивната игра се појавува една непозната жена која им подарува на двете по едно вретено, со кое тие почнуваат да играат, иако во царството на Флорестан е забрането употребата на вретенето.Доаѓа кралицата во придружба на принцовите и наредува двете девојки да бидат одведени.Принцот Еме моли за милост поддржуван од останатите принцови.Кралицата им простува и веселбата продолжува.Пажовите и дворските дами го најавуваат доѓањето на прекрасната принцеза Аврора.Принцовите се воодушевени од нејзината убавина.На принцазата Аврора срцето и го освојува само принцот Еме и таа го избира него.Одеднаш се појавува злобната вила Карабос,лукаво и се приближува на принцезата Аврора,понизно молејќи да и предаде еден подарок сребреното вретено.Таа восхитена од непознатата играчка,почнува да игра со неа,но проклетството ја наведува таа се набодуваа и умира.Тогаш Карабос злокобно се открива пред кралицата,потсетувајќи ја на своето пророштво.Принцовите гневни сакаат да ја убијат, но Карабос исчезнува.Се појавува Вилата Јоргован,ја теши кралицата и очајниот принц дека принцезата Аврора не умрела,туку само заспала и дека еден ден ќе се разбуди од бакнежот на принцот,кого таа ќе го донесе кога ќе дојде време.Убавата принцеза Аврора ја носат во дворецот,народот со тажно среце се разотидува,а Вилата Јоргован,преку силата на својата магија ги успива сите и се наоколу.Дворецот зараснува во дрвја и тажен бурјан.

Втор чин

1 слика

Отшумеле 100 годино.Во гората покрај сонливото езеро низ звуците на ловџиските рогови,принцот Дезире ја одбегнува тајната средба со Маркизата.Тој чувствува внатрешен немир,нешто непознато го задржуваа на оваа рудина.Маркизата нервозно заминува.И одеднаш се појавува чуден чамец сиот накитен со јоргован,во кој е вилата Јоргован.На изненадениот принц таа му ја покажува визијата на заспаната принцеза Аврораи му кажува дека тој може да ја разбуди со бакнеж и со тоа да ја ослободи од силината на магијата.Принцот Дезире ја моли вилата,ако може да ја види барем нејзината сенка.Вилата ги повикува сенките и меѓу нив и сенката на убавата принцеза Аврора.Принцот Дезире е до безумие вљубен и решен да ја следи Вилата Јоргован до маѓепсаниот замок.Со волшебен чамец тие тргнуваат на пат.

2 слика

Вилата Јоргован и принцот Дезире пристигнуваат до замокот заспан во стогодишен сон.Со волшебната прачка вилата го расчистува влезот кон скалите на замокот каде што спие принцазата Аврора.Принцот Дезире со бакнеж ја буди принцезата Аврора.Во истиот миг се будат сите.Кралицата и заблагодарува на Вилата Јоргован,а  таа пожелувајќи им љубов и среќа на принцот Дезире и принцезата Аврора,заминува.

3 слика

На шумната свадба на принцот Дезире и принцезата Аврора доаѓаат сите јунаци од сказните.Сината птица со принцезата Флорина,Мачорот во чизми со Белата мачка,Снежана со принцот Флоремон и седумтте џуџиња,Пепелашка со принцот,Црвенкапа со волкот,Сината брада со своите пет жени,…… Сите гости им посакуваат радост и среќа на младата двојка.