info@karti.com.mk

Зарина Првасевда & ансамблот - „ Ехо “ во Битола

декември

17

400 мкд

20:00

Офицерски дом - Битола

Зарина Првасевда & ансамблот - „Ехо“ во Битола

„ Да се пее во Битола пред битолчани е голема чест и задоволство, но се разбира и одговорност. Овојпат публиката ќе ја сретнеме во Офицерскиот дом во Битола, интимно и во ограничен број и за моја голема радост ќе ни биде блиску, сосема блиску, буквално ќе можеме да си го слушаме срцебиењето едни со други а тоа ќе ни биде ритамот кој ќе ни биде премин кон емотивното, таму каде не често имаме можност да се среќаваме. Ќе биде вечер на променада на емоции, претпразнично честење на душата со музичка прошетка низ различни култури, меѓусебно пружање рака некаде низ звуците и простор за игра на детето во нас во меѓупросторите на корените и ширината на светот.  “. 

На 17 Декември во салата Офицерски Дом во Битола, Зарина Првасевда со својот ансамбл ќе одржи концерт насловен како „ Ехо “ , каде покрај песните од истоимениот албум кој таа неодамна го издаде за издавачката куќа Кроација Рекордс, ќе се изведат и некои од песните таа досега ги изведувала или пак, од оние што следуваат на следниот албум. 

Ансамбл:
Ратко Даутовски - Перскусии 
Пенче Кралев - Бас 
Филип Димишковски - Клавијатури 
Благојче Трајковски - Кларинет  
Филип Михајловски - Канон 
Тони Арлан - Виолина 

Концертот ќе биде камерен, а бројот на публиката е ограничен на 150. 
Картите ќе бидат во продажба во Книжарница Литература на Широк Сокак