info@karti.com.mk

„За Љубовта“ со Ирина Муресану | ФАМЕ’С Институт

Септември

16

500 мкд

21:00

Музеј на современа уметност, Скопје

„За Љубовта“ со Ирина Муресану | ФАМЕ’С Институт

На 16-ти септември, среда, од 21:00 часот, во Музејот на современата уметност ќе се одржи концертот „За Љубовта” — вечер посветена на љубовта, можеби најголемата тема во уметноста, низ погледот на четворица композитори од различни епохи и стилови.

Програмата ја отвора Романсата на Ејми Бич — лирско дело полно со препознатлива топлина и интимност. Потоа следи „Echorus” на Филип Глас за две соло виолини, минималистичка композиција со медитативен карактер. Потоа, виртуозната „Кармен” фантазија на Пабло де Сарасате, инспирирана од операта на Бизе, ја носи страста и раскошот на шпанскиот музички израз. И, на крај, вечерта ја заокружува „Преобразена ноќ” на Арнолд Шенберг — монументално дело за љубовта, болката и преобразбата, напишано според песна на Рихард Демел.

Концертот го води Ирина Муресану — виолинистка родена во Романија, со настапи низ САД, Канада, Европа, Азија и Јужна Африка. Добитничка е на највисоки награди на престижни меѓународни натпревари, меѓу кои Montreal International, Queen Elisabeth International и UNISA International String. Моментално е вонреден професор на Универзитетот во Мериленд, а свири на виолина изработена од Џузепе Рока во 1849 година.

Ова е и завршниот концерт на шестдневната програма на ФЕЈМС Институтот, во рамки на која млади класични музичари од цела Европа престојуваат во Скопје и работат со Ирина Муресану преку интензивни проби, предавања и работа по групи.