Yasmin Levy повторно во Скопје – на барање на публиката!
По незаборавниот концерт во април минатата година и одличниот прием кај македонската публика, Yasmin Levy се враќа во Скопје на 17 октомври! Препознатливиот глас на Медитеранот и страствена интерпретаторка на латино музиката ќе настапи во престижната сала на Македонската филхармонија. Не пропуштајте вечер исполнета со емоции, музика и магија која само Yasmin знае да ја донесе.