Драги пријатели,
Со огромна радост ве покануваме на јубилејното десетто издание на When in Krusevo 2026, кој ќе се одржи од 03 до 05 јули 2026 во магичното Крушево.
Ова лето повторно се собираме со уште повеќе енергија, авантури, музика, дружење и незаборавни моменти во природа. И оваа година фестивалот продолжува со хуманитарен карактер и силен фокус на инклузивност и поддршка на маргинализираните групи.
Подгответе се за три дена исполнети со:
концерти на отворено: АРЕА, SEMPRE, THE AFT3R, Дарко Гроздановски…
планински, велосипедски и адреналински тури
параглајдинг, кајак и SUP
јавање на коњи
biathlon 4all
кампинг и chillout зона покрај Крушевското Езеро
детски игри и семејни активности
музејски тури
Инклузивен настан
саем на храна и пијалоци
еко едукација, многу изненадувања, позитивна енергија и љубов
Придружете ни се и бидете дел од уште едно незаборавно фестивалско лето во Крушево!
*Со секој купен онлајн билет донирате 100 денари за поддршка на социјално ранливи категории во Крушево.
НАПОМЕНА:
Задолжително пријавување на сите учесници преку Google формата во прилог:
When in Krusevo 2026