info@karti.com.mk

VICENTE AMIGO

јуни

08

1600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

VICENTE AMIGO @ OFFEST 2024

 

Виченте Амиго ужива висок рејтинг во светот на фламенко музиката како еден од најкомплетните и највлијателните гитаристи од новата генерација. Недофатлив, мистериозен, енигматичен уметник, со фасцинантна чувствителност и ненадминлива длабочина. Виченте Амиго е роден 1967 година во Гвадалканал (Севиља), а израснал во Кордоба. Приврзан за гитарата уште од детството, албум по албум, тој се наметна како еден од најиновативните и најплодните современи музички творци. Од неговиот прв албум во 1991, тој успеа да создаде свој стил, суптилен и раскошен, отворен за другите музички стилови. Со право го нарекуваат „логичен наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија“. Овој андалузиски уметник соработувал со најголемите фламенко ѕвезди како и со значајни уметници од други жанрови. Има снимано или настапувано со Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Кармен Линарес, Манола Санлукар, Диего Ел Сигала, Мигел Поведа, Естреља Моренте, Дејвид Боуви, Кит Ричардс, Боб Дилан, Џон Меклафлин и Ал ди Меола, Стинг… Покрај тоа што е Амбасадор на фламенко гитарата и почесен член на организацијата на ОН за уметности и науки, тој е сопственик на две Греми награди и Златен медал за фини уметности. Придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе настапи на OFFest, овозможувајќи ни да уживаме во музиката и композициите што придонесоа името Виченте Амиго да стане референца за фламенко гитарата денес.

 

Vicente Amigo – гитара


Antonio Fernández Perona “Añil” – гитара


Francisco González Agudo – перкусии


Rafael Usero Vilches “Rafael de Utrera” – вокал


Ewen Vernal – бас