Претставата која руши рекорди на гледаност. За една година, одиграна е 118 пати. Овој театарски спектакл ги полни салите низ регионот и дијаспората, што го потврдува статусот за една од најбараните претстави.
Во главните улоги, Наташа Аксентијевиќ и Семир Гициќ ја освојуваат публиката преку секоја сцена, прикажувајќи ја сржта на балканското семејство – каде љубовта, недоразбирањето, страста и вечната борба со секојдневието се одвиваат истовремено.
Претставата носи квалитетен хумор, но со многу вистина и препознатлива иронија. Таа покажува дека токму во нашите секојдневни слабости и мали семејни борби се крие најголемата комедија.