info@karti.com.mk

Van Gogh и Ареа

јуни

22

600 мкд

20:00

Ракометно игралиште - Битола

Van Gogh и Ареа

Во годината кога го слават големиот јубилеј – 30 години, а во рамки на нивната славеничка турнеја еден од најпознатите македонски рок состави – „АРЕА“ ќе одржи голем концерт пред битолската публика на 10-ти јуни на Ракоментното игралиште.

АРЕА“ е еден од ретките македонски рок бендови кои 30 Години создаваат македонска рок музика и испишуваат успешна рокенрол приказна.

Сцена продукција подготвува дупла рокенрол забава. Истата вечер на истата сцена ни гостува еден од најквалитетните рок состави во регионот – „Ван Гог“. И после три и пол децении на сцената, Џуле и момците се неуморни и полни со елан како и на самиот почеток. За овие 36 години, колку што постојат неколку генерации поминаа но сите останаа верни на нивната музика.

После 7 години пауза од последниот концерт, публиката од Битола и околината која желно исчекува повторна средба со „Ван Гог“ ќе има прилика да ужива во богата сет листа, која веќе се подготвува а на која ќе се најдат песни од различни периоди на нивната повеќедецениска кариера.