Ужегнатост
По „Да го поздравиш и да ми го бациш“ и „Експеримент“, „Ужегнатост“ е трета театарска претстава во продукција на „Артопија“ – Скопје.
Претставата е работена по текст на чешкиот автор Иван Вискочил, а во режија на македонскиот театарски доајен Владимир Милчин.
Иако текстот е напишан во Чешка, во текот на минатиот век, сличностите и компарациите со одредени појави кои го „мачат“ општеството денес се очигледни.
Режија: Владимир Милчин
Играат: Симона Спировска Костовска, Наташа Петровиќ, Тамара Ристоска, Ненад Митевски, Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски
Сценографија: Крсте С. Џидров
Костимографија: Марија Пупучевска, Бранкица Јордановска
Превод од чешки и адаптација: Ема Маркоска Милчин
Технички координатор: Кирил Мечалов
Извршен продуцент: Радослав Гогушевски
Продуцент: Филип Николовски
Продукција: АРТОПИЈА – Скопје