info@karti.com.mk

Управување со корпоративни животни циклуси - д-р Исак Адижес

990 мкд

Управување со корпоративни животни циклуси

д-р Исак Адижес

 

Поради испорака на книгата на домашна адреса, задолжително е да се пополнат полињата „Телефон“ и „Адреса“.

Во „Управување со корпоративни животни циклуси“, долго исчекуваното ревидирано издание на д-р Адижес, тој им ги претставува на читателите најновите информации од теоријата и практиката, со што им покажува како да ја доведат компанијата до примарната фаза ЗРЕЛОСТ, побрзо и поефикасно.

Додворување, Детство, Лудите Оди – Оди години и Адолесценција. Ова се фазите низ кои поминува секоја компанија за да стигне до она што д-р Адижес го нарекува примарна фаза ЗРЕЛОСТ. Во овие критични рани фази на развој на една компнија, тој Ви покажува како да ги очекувате и како да се справите со типични проблеми - без оглед дали се работи за ориентација кон продзводи, делегирање на овластувања, поставување на цели, управување со вработени или транзиција на лидерство – и потоа брзо да продолжите и да напредувате.

Примарната фаза ЗРЕЛОСТ е идеалната фаза за Вашата компанија од аспект на балансирана креативност и дисциплина. Д-р Адижес нуди проактивни мерки за задржување на фокусот и визијата, негување на кохезијата и унапредување на продажбите и профитот, истовремено остварувајќи „предвидлива извонредност“ и „организациска плодородност“.

Ќе ги откриете и стартегиите за избегнување на типичната надолна патека – почнувајќи со знаците на стареење  (како на пример, избегнување на ризици), паѓањето во Аристократијата, каед што доминираат фази на распаѓање: Меѓусебни обвинувања, Бирократија и Смрт.

Дополнително, д-р Адижес обезбедува моќни алатки коишто можете да ги користите за да ја подобрите способноста за решавање на проблеми во организацијата, елиминирање на структурните причини за корпоративно стареење и одлгедување на здрава организација.

Д-р Адижес е пионер во полето на организациската терапија и оваа книга ги поставува нејзините темели. Со олеснување на потешкотиите на растењето, книгата Управување со корпоративни животни циклуси го отвора начинот на којшто Вашата организација може да просперира бесконечно!