info@karti.com.mk

Tricky • соло концерт • Таксират #23

мај

12

650 мкд

20:00

МКЦ


Трип-хоп легендата Tricky се враќа на Таксират Фестивал, овој пат со одличен нов албум “Fall to Pieces”.

Концертот ќе се одржи на 12-ти мај во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

•••••••••••

Кариерата ја започнува како член на британската рап група The Wild Bunch, која подоцна прераснува во Massive Attack. Tricky е еден од основачките членови на групата заедно со Robert Del Naja, Grant Marshall & Andrew Vowles, а заедно работат на славните албуми „Blue Lines“, како и на нивното второ издание „Protection“.

Во 1995-та, го издава својот маестрален деби албум „Maxinquaye“, кој се смета за еден од најдобрите албуми на 90-тите години, поставувајќи ги темелите за неговата одлична соло кариера која сега веќе е во третата деценија.

Преку неговите соработки со Massive Attack, PJ Harvey, Bjork, Martina Topley Bird и легендарните албуми како "Pre-Millennium Tension", "Ununiform", "FalseIdols" , "Blowback", Tricky создава свој, уникатен и препознатлив звук, кој постојано успева да ја фасцинира публиката.

На Таксират ќе се претстави со неговиот најнов, 14-ти албум “Fall to Pieces” - снимен во Берлин на крајот на 2019 година, во еден мрачен период од животот на овој голем уметник. Тој успева болката да ја претвори во креативна сила која наоѓа излез преку тензичните синтови, дисторзираните тонови и мрачните текстови, а заедно со прекрасните вокали на Marta Złakowska, успева да го донесе слушателот уште поблиску до уникатниот звук кој само тој може да го создаде.

Чуден за некои, генијален за многумина, уникатен за сите - Tricky е творец кој остави белег на модерната музиката во последните три децении, па ни е чест што повторно ќе ни гостува во Скопје!