info@karti.com.mk

ТРАДИЦИОНАЛЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ „ВАСИЛИЦА“

јануари

13

1000-1200 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

Националната опера и балет ја продолжува традицијата востановена пред повеќе од 25 години, и во вторник, 12 и среда, 13 јануари, 2021 г. ќе го одржи гала концертот по повод празникот „Василица“.

Оваа година концертот носи наслов Најдобрите хитови“, односно, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти, со симфониски аранжмани . Публиката ќе има можност да ужива во популарните странски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова Година“, Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа,  тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

*Доколку имате потреба од 3 споени билета, Ве молиме контактирајте ја билетарницата на Националната Опера и Балет на 02 3118 451 или 078 426 536