„Толку е тивко“ е филозофска и длабоко сензитивна театарска исповед во која светот се открива низ внатрешниот поглед на девојче што го изгубило видот. Наместо визуелни слики, просторот се гради од звуци, допири, тишини и сеќавања, претворајќи ја сцената во жив лавиринт на чувства и мисли. Претставата нè води низ нејзиното детство, загубите и растењето, каде темнината не е празнина, туку место во кое се раѓаат светлина, пријателство и смисла. Со несекојдневни сценски средства и силна емотивна нарација, „Толку е тивко“ ја преиспитува нашата перцепција за гледањето, постоењето и она што навистина значи да се „види“ светот. Режија и концепт Златко Митрески и Македонка Илиевска Митреска. По автобиографски разкази на Борка Тадиќ