info@karti.com.mk

THUMBSCREW INGEBRIGT HÅKER FLATEN (EXIT) KNARR

октомври

16

600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет

THUMBSCREW / INGEBRIGT HÅKER FLATEN (EXIT) KNARR

 

THUMBSCREW

Mary Halvorson – гитара

Michael Formanek - контрабас

Tomas Fujiwara – тапани

www.thumbscrew.net

Thumbscrew е гордост на бруклинската авангардна џез-сцена, ѕвездено трио составено од долгогодишните соработници: гитаристката Мери Халворсон, басистот Мајкл Форманек и тапанарот Тома Фуџивара, во кое сите тројца придонесуваат подеднакво, како во однос на композицијата така и во импровизацијата. Oвој американски бенд беше формиран сосема случајно, но откако открија дека нивната музичка хемија е толку уникатна, ја продолжија соработката. Набргу, тие стекнаа огромна почит од публиката којашто умееше да ја препознае нивната неверојатна способност за учество во речиси телепатска интеракција. Кога зборуваме за ова трио, коешто одбележува десет години творештво, се наоѓаме на специфична џез-територија што бара малку поголемо внимание од вообичаеното. Музиката е отворена, жива, духовита и не помалку амбициозна. Сепак, дури и во нивните најтешки и најкомплицирани дисакорди, тие нудат доволно количество информации за да ви дадат до знаење дека знаат точно што прават - впрочем, дури и авангардните бендови не издржуваат една деценија без некоја сериозна синергија. На 41. Скопски џез фестивал, публиката ќе има прилика да го вкуси звукот на нивното ново возбудливо остварување „Multicolored Midnight“ (Cuneiform Records), седмиот албум на групата. Затоа, седнете, врзете го појасот, држете се цврсто со палците и дозволете Thumbscrew да ви го покаже патот кон нивниот уникатен музички универзум.

 

INGEBRIGT HÅKER FLATEN (EXIT) KNARR

Ingebrigt Håker Flaten – акустичен и електричен бас, композитор

Mette Rasmussen – алт саксофон

Atle Nymo – тенор саксофон, Bb кларинет, бас кларинет

Erik Kimestad Pedersen – труба

Jonathan F. Horne – електрична гитара

Joakim Rainer Petersen – пијано, клавијатури

Olaf Olsen – тапани, перкусии

www.ingebrigtflaten.com

Ингебригт Хакер Флатен се наметна како еден од најзначајните (контра)басисти на светската џез и импровизираната сцена денес. Неговото музицирање во сопствените проекти, како и со The Thing, Atomic, Free Fall, Scorch и во дуо со Џо Мекфи, Еван Паркер и Хакон Корнстад, го сместија во центарот на широката лепеза импровизатори со впечатливо различни пристапи на работа. „Knarr“ е тип на брод изграден во Скандинавија околу 1000-та година, што се користел за пловидба по светот, исто како што Ингебригт Хакер Флатен патува низ светот воден од неговите музички авантури. (Exit) Knarr е омаж на различните места што ги посетил, а секоја песна го доловува духот на градовите како Остин, Чикаго, Трондхајм, Амстердам... Музиката е резултат на богатите искуства на басистот во различни жанрови и традиции изградени во текот на долгата кариера, со длабоки траги од џез и авангарда, како и од музиката на светот и психоделичен рок. (Exit) Knarr беа оформени откако пандемијата го принуди Хакер Флатен да се врати во својата матична земја. Понудата од Vossa Jazzfestival го инспирираше да собере група фантастични скандинавски музичари со кои долго сакаше да работи. Музиката беше првпат изведена на овој фестивал во септември 2021 година, што коинцидираше со објавувањето на албумот за ODIN Records, а сега конечно можеме да ја уживаме и на 41. Скопски џез фестивал.