+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



The Grand Master Flash

февруари

26

800 мкд

21:00

Станица 26



THE GRAND MASTER FLASH 

 

По повод 15 години постоење на SureShotz Entertainment во соработка со 3 Гонга, со гордост Ви го најавуваат гостувањето на еден од највлијателните луѓе во Hip-Hop културата – Grandmaster Flash. Настанот, кој е во склоп на неговата турнеја “Hip-Hop: People, Places and Things”, ќе се одржи на 26ти февруари/вторник, во клубот Станица 26 со почеток во 21:00 часот. Тој, за прв пат пред скопската публика ќе се претстави со двочасовен сет, што ќе претставува музички времеплов, и едуцирање за сe она што значи hip-hop од 70те години па до денес.

Името Joseph Saddler веројатно не Ви значи многу, но ако Ви кажеме Grandmaster Flash, сигурно ќе Ви стане многу појасно. Hip-hop пионерот, скопската публика ќе има можност за прв пат да го слуша во живо, и тоа на 26ти Февруари во клубот Станица 26, благодарение на 3 Гонга и SureShotz Entertainment. Оваа рап легенда е родена во 1958 година на Барбадос, а љубовта кон грамофоните му се родила уште во тинејџерските години, откако со своето семејство се преселиле во Bronx. Кариерата ја започнува во раните 70ти, како dj на приватни забави заедно со Kurtis Blow и Lovebug Starski. Кон средината на 70те ја оформува својата прва група, во која членуваат Cowboy, Melle Mel, и The Kidd Creole. Групата првично се нарекувала “Grandmaster Flash and the 3 MCs”, а ќе остане запаметена по тоа што нејзиниот член Cowboy го измислил терминот “Hip-Hop”, a Melle Mel е првиот кој се нарекол себеси MC (Master of Ceremony). Со приклучувањето на Rahiem и Scorpio, бендот се приемнува во “Grandmaster Flash and the Furious Five”, и понатаму се` е историја. Дел од нивниот “highlights” се издавањето на два култни албуми (“The Message” – 1982 и “On the Strength” – 1988), синглот “The Message” кој сеуште се смета за еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на “Rock & Roll Hall of Fame”. Додека ги проучувал стиловите на своите идоли, Grandmaster Flash ги креирал некои од техниките кои и до ден денес се стандарден дел од dj науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кого го сметаат за главен “виновник” што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12ти студиски албум.