info@karti.com.mk

The Beatles Real tribute by The Bestbeat

декември

01

750 мкд

20:00

Станица 26

The Beatles Real tribute by The Bestbeat

The Bestbeat Real Tribute The Beatles бенд, оформен е 2005 година, со цел да ја потсети публиката на најголемиот бенд на XX век. Bestbeat концертите ги реализираат со исти, автентични иструменти и засилувачи, точно какви користеле The Beatles, во верни репродукции на костими од различни фази во нивната кариера, со препознатлив и автентичен изглед, коса и шминка, а пак сите композиции се изведуваат во оргиналните аранжмани и тоналитети. За секоја сличност да биде да биде целосна, беше важно бендот да има леворак басист.

По повод педесетгодишнината од објавувањето на првиот сингл “Love me do“, најтиражниот амерички магазин-Newsweek, ги рангира меѓу 20-сет најдобри светски Beatles tribute состави.

Во август 2014 година бендот настапува во Велика Британија на престижниот фестивал Beatle week, кој се одржува преку 30-сет години во Ливерпул, а организатор на фестивалот е Cavern Club каде што The Beatles свират 292 пати.

The Bestbeat до сега одржаа концерти во: Франција, Велика Британија, Австрија, Романија, Белорусија, Швајцарија, Словенија, Србија и за прв пат на 01.12.2022 година во Македонија.