
Аугуст Стриндберг во драмата „Татко“ ги преточува својата огорченост и болното искуство од бурниот брак во безвременска приказна за непомирливите машки и женски принципи, недовербата и деструктивните односи. Во нашето современо толкување, фокусот е на Лаура и на психолошкото насилство на кое е секојдневно изложена. Преку односот со Капетанот, неговата контрола и ограничувања, ја прикажуваме градацијата и ескалацијата на насилството во семејството, отворајќи простор за преиспитување на вината и одговорноста на брачните партнери.
Режија: Нина Николиќ
Адаптација на текст и драматургија: Тамара Барачков
Режија на видео материјали: Борјан Стојков
Сценографија: Илина Ангеловска
Костимографија: Ивана Каранфиловска Угуровска
Музика: Оливер Јосифовски
Играат:
Саша Ханџиќ
Амернис Нокшиќи
Тони Денковски
Бојан Кирковски
Ирена Димеска