info@karti.com.mk

ТАКСИРАТ #28

Декември

07

1500 мкд

20:00

Спортска сала Јане Сандански

MORCHEEBA [UK], Z++ [HR], ZOSTER [BA], RAXON [EG], KADEBOSTANY [CH], ФОЛТИН, SMUT, ALIZADE [AZ], CONSPIRACY, KEM, SURE SHOTZ

НОВ ДОМ, 2 СЦЕНИ, 11 ИМИЊА од 7 ДРЖАВИ И ВКУПНО 14 ЧАСА МУЗИКА ЗА САМО 1500 ДЕНАРИ

На 7 декември 2026 година, 28 издание на фестивалот Таксират го носи своето големо финале во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Оваа година Таксират за прв пат се сели во „Јане Сандански“. Фестивалот кој започна во МКЦ во 1999 година, 17 години живееше на Скопскиот саем, а потоа се пресели во арената „Борис Трајковски“. За жал, една долгогодишна традиција е прекината, не по наша волја. Но, Таксират продолжува, како и секогаш: позитивно, гласно и заедно со својата публика.

Како гости на Таксират ни доаѓаат:
– легендите на трип-хопот Morcheeba,
– едно од најголемите регионални имиња Zoster,
– авторот на хитовите “Ljeto Već Je Gotovo”, “Kabriolet” и “Sedmo Nebo” Z++,
– швајцарскиот хит проект со над 5 милијарди стримови Kadebostany,
– eгипетскиот техно продуцент со изданија на најреномираните етикети Raxon
– и азербејџанската поп-рап ѕвезда Alizade.

Македонската страна ќе ја брани најдоброто од македонската музика:
– два спектакуларни 30 годишни јубилеи на бендови кои не им треба многу претставување – ФОЛТИН и SMUT,
– ексклузивна промоција на новиот албум на скопските хип-хоп иноватори КЕМ,
– метал хероите кои на сцената на Таксират ќе се качат по победaтa на Зајечарска гитаријада и второто место на Wacken Metal Battle CONSIPRACY
– и секако, нашите SURE SHOTZ како домаќини на Shorty P сцената ♥️

За Скопје да биде вистинска Европска престолнина на културата, сме задолжени сите.

Ве очекуваме, по 28 пат на ТАКСИРАТ