info@karti.com.mk

Sun Ra: Do the Impossible

Октомври

18

150 мкд

17:00

Кино Фросина

SUN RA: DO THE IMPOSSIBLE

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Режисер и продуцент  

CHRISTINE TURNER

Година

2025

Времетраење

84 мин.

 

Поет, египтолог, космолог, историчар, активист, бенд лидер, музичар, џез пионер. Сан Ра беше сево ова. Просветлувачката биографија нè води на едно комплексно патување низ животот на еден сложен човек, кој е роден во Бирмингем, Алабама. Или е дојден од Сатурн. Или и двете. Со својот Sun Ra Arkestra тој ги прошири границите на слободната џез форма, остави свој печат врз класичните џез стандарди и храбро навлезе во електронската музика. Неговото творештво е длабоко вкоренето во идејата за афрофутуризмот. Притоа, Сан Ра ги соединува меѓуѕвездените метафори (“Space is the place”) и своето научно објаснување за „трансмолекуларизација“ со црнечкиот живот во Америка. Филмот грациозно ги балансира сеќавањата на  сè уште воодушевените музичари и танчери од неговиот Arkestra, историчарите, критичарите...сите восхитени следбеници, и размислувањата на самиот Сан Ра. Ова е поткрепено со незаборавни снимки од изведби и сцени од еден негов филм. Резултатот е возбудлив филмски портрет на човек, кој еднакво беше и музичар и визионер.