
STEFANI & THE UPPER ROOM
Концерт на современа христијанска и госпел музика
Како што популарноста на Госпел музиката се ширела низ последните неколку векови низ светот, така таа полека стигнува и кај нас.
Бендот The Upper Room е основан во 2022 година, за целите на концертот Stefani & THE UPPER ROOM кој се реализира во Февруари 2023 година во Стаnица 26.
Минатата година концертот се оддржа во Филхармонија во месец Март.
Концертот е предводен од Стефани Барбутова од Македонија, која поради големата љубов кон музиката и желбата да се пренесе пораката на Христијанското Евангелие преку песна, и таа по сплет на околности стапила во контакт со интернационални професионални Госпел музичари со кои сега отвара ново поле на музичката сцена во Македонија.
Стефани е водечки вокал веќе 18 години во современа христијанска музика, а во последните 7 години е на чело на повеќе состави и бендови како со вокал, така и со пијано. Таа активно твори, свири и пее Христијанска музика низ годините, со концерти и настапи како во Македоија така и во странство.
Оваа година очекувајте богата современа христијанска госпел музика, со разновиден репертоар, со локални и интернационални членови во бендот, локални вокали и прекрасниот госпел хор ТHE UPPER ROOM.
28.03.2026 |19:00 | MKЦ голема сала
Слушнете го бендот The Upper Room на сите музички платформи на каналот Credo Collective.
За повеќе информации посетете ја веб страната www.credo-collective.com
Со ВИП картите добивате:
• Премиум седишта: Најдобар поглед на настанот
• Ран влез: Прескокнете ги редовите и влезете пред општиот влез
• Пристап до VIP салон: Бесплатни коктели и пијалоци
• Интеракција со изведувачи: Пристап до sound-check, можности за фотографирање, средби и поздрави или турнеи зад сцената
• Ексклузивни подароци: производи само за VIP или брендирани подароци