info@karti.com.mk

Startup Weekend Skopje

Ноември

06-08

690 мкд

18:00

ПроКредит банка, ул. Манапо бр.7

 

Techstars Startup Weekend Skopje 2026 е еден од најдолготрајните и најголемите претприемачки настани во Северна Македонија, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември. Во организација на Startup Club Skopje, настанот се одржува 14-та година по ред, обединувајќи идни основачи, програмери, дизајнери, претприемачи и студенти на интензивен викенд посветен на градење.

Годинава фокусот е на вештачката интелигенција. Доаѓаш со идеја, формираш тим уште првата вечер и го поминуваш викендот претворајќи ја идејата во нешто реално, тестирајќи ја со вистински корисници, добивајќи фидбек од ментори и, конечно, презентирајќи го својот стартап пред жири.

Startup Weekend е дел од глобалната Techstars мрежа и следи формат кој ги води учесниците од идеја до финален pitch за само 54 часа. Не е потребно претходно стартап искуство, ниту идејата треба да биде целосно развиена. Програмери, дизајнери, луѓе од бизнис-светот и студенти започнуваат од иста точка во петок и заедно работат на тоа да видат колку далеку можат да ја однесат својата идеја до недела.

Во текот на 14 годиниStartup Club Skopje гради заедница околу претприемништвото, иновациите и стартапите во Северна Македонија, а Startup Weekend е едно од местата каде што луѓето се среќаваат, експериментираат, ги запознаваат своите потенцијални ко-фаундери и започнуваат да градат нешто свое.