info@karti.com.mk

Современа танцова престава - “Weaving”

Октомври

01

350 мкд

21:00

МКЦ Дансинг сала, Скопје

Современа танцова престава- “Weaving”- Танц Бункер

 

WEAVING

на Адријана Данчевска Ровчанин и Александра Петрушевска

 

Како дијалог меѓу двете кореографки, Weaving го трасира патот по кој кореографските и музичките форми се спојуваат, се повторуваат и постепено се разградуваат. Како појдовна точка, тие ги преиспитуваат двата автентични ритуала од македонското културно наследство — традицијата на плетење коса и машкото оро „Тешкото“. Наместо да ги остават замрзнати во времето, Weaving прави нови засеци во овие традиционални структури. Преку еден вид реконтекстуализација, делото ги отвора и ги фрагментира овие пракси, нудејќи нов поглед кон телото и негови релации во просторот.

 

Weaving е стремеж да се спојат танцот, живиот тапан и мелодиските линии, откривајќи моменти во кои — преку движење, слушање, одмор и траење — телата стануваат опипливо присутни, видливо поврзани и споени од потребата да се ослободат од сопствениот танц што почнале да го градат во непосредна близина на публиката.

 

Под површината — погледите, копнежот, колебањето и желбата за промена изнуднуваат суштински поттекст. Водени од деконструирани тапанарски секвенци и кинематографски синтисајзерски звуци, Weaving се развива како тивок отпор — постојано враќање кон заедништвото, проследено со суптилен порив нешто да се помести одвнатре.

 

 

Дел 1
Концепт и кореографија: Адријана Данчевска Ровчанин
Танчари: Нина Петрушевска, Тереза Лазарев, Александра Петрушевска
Музика во живо: Александар Гроздановски (Синтисајзери), Дарио Циевски (тапани)
Дизајн на сцена и костимографија: Ивана Мојсовска Головски
Видео и фотографија: Марко Маријановиќ

Дел 2
Концепт и кореографија: Александра Петрушевска
Танчари: Нина Петрушевска, Тереза Лазарев, Александра Петрушевска, Адријана Данчевска Ровчанин
Музика во живо: Александар Гроздановски (Синтисајзери), Дарио Циевски (тапани)
Дизајн на сцена и костимографија: Ивана Мојсовска Головски
Видео и фотографија: Марко Маријановиќ

Подржано од Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија

Место: МКЦ Денсинг сала

Датум: 01.10.2026; 21:00 часот