info@karti.com.mk

SOULFLY

јуни

05

700 мкд

21:00

МКЦ Летна Сцена

Soulfly во Скопје • Таксират #21

 

Soulfly, култната бразилско-американска метал четворка предводена од неуништивиот Max Cavalera, доаѓа во Скопје во рамки на актуелниот циклус од турнејата за новиот студиски албум RITUAL, објавен лани во октомври.

Повеќе од две децении, SOULFLY ревносно го продолжуваат својот култен статус со секој последователен албум и турнеја. Во таа смисла и нивното најново, 11-то по ред долгоносечко издание „Ritual“ го остварува ветувањето на легендарното име и ја живее метал церемонијата од највисок поредок со пеколни рифови, громовити перкусии и застрашувачки гролови.

А за основачот на бендот, не треба многу објаснување. Само кога ќе се спомене неговото име, треш-метал фановите се присетуваат на деведесеттите и времето кога еден од најголемите метал бендови Sepultura, владееше со светската сцена и имаше армија верни фанови. Max Cavalera, еден од најзначајните претставници на метал музиката на сите времиња, ова лето е на турнеја со Soulfly, чиј нов албум го опишува како tribal thrash death и враќање на звукот кој Sepultura го свиреше на круцијалното издание „Chaos AD“.

Max Cavalera (вокал, гитара), Marc Rizzo (гитара), Mike Leon (бас, вокал) и Zyon Cavalera (тапани): SOULFLY се враќаат во земјава по речиси 15 години од нивното последно гостување кое резултираше со легендарен, неверојатно моќен концертен настап. НА 5-ти АВГУСТ ВО МКЦ - преврти го Скопје наопаку!