+389 (0)2 3080 111 info@karti.com.mk



SONDORGO (HUNGARY) DZAMBO AGUSHEVI ORCHESTRA (MACEDONIA)

јуни

06

400 мкд

20:00

МКЦ



SONDORGO (HUNGARY) DZAMBO AGUSHEVI ORCHESTRA (MACEDONIA)

OFFEST 2019

 

SONDORGO

Aron Eredics - first tambura, cello tambura, derbuka, saz

Benjamin Eredics - kontra tambura, trumpet

David Eredics - alt tambura, clarinet, alt saxophone, soprano saxophone, kaval

Salamon Eredics - alt tambura, accordion, hulusi, shepards flute, cello tambura

Attila Buzas - tambura bass, tapan, koboz

 

Sondorgo е еден од водечките претставници на тамбурашката музика од Унгарија. Формиран од браќата Ередиќ кон средината на 90-тите години во Сентендре (мал унгарски град близу Будимпешта со долгогодишна српска традиција), овој возбудлив состав е посветен на изведувањето и промовирањето на јужнословенската фолк музика собрана од Бела Барток и Тихомир Вујичиќ, популарна кај заедниците што живеат долж реката Дунав. Нивната мисија е да ги оживеат скриените скапоцени камења на различните балкански звуци. Но, за разлика од повеќето групи што свират балканска музика, Sondorgo не изведуваат музика за дувачки оркестар, туку тамбурашка музика со извонредна техничка виртуозност и свежа интерпретација. Постојано присутни на унгарските и европските фестивали, Sondorgo континуирано настапуваат и со познатиот македонски саксофонист Ферус Мустафов - плод на оваа соработка е нивниот заеднички албум „Sondorgo & Ferus Mustafov In Concert“ (2009). Она што Sondorgo совршено го комбинираат е почитта кон традициите, желбата за иновација и блескавата незапирлива виртуозност.

 


DZAMBO AGUSEVI ORCHESTRA

Dzambo Agusev - trumpet, vocals, band leader

Koco Agusev - trumpet

Dzemal Agusev - trumpet, vocals

Sunaj Mustafov - trumpet

Ali Zekirov - tenor horn

Dzafer Fazliov - tenor horn

Mustafa Zejnelov - tenor horn

Sukri Dzevatov - helicon

Orfej Chakalovski - big drum

Redzep Nedzatov - drums

Од скромните почетоци во малата Струмица до освојување на сцените ширум планетава, Dzambo Agusevi Orchestra прерасна во врвна атракција на светската музичка сцена. Лидерот Џамбо Агушев, познат и по прекарот „the funky tiger“, е најпрославениот македонски музичар по заминувањето на Есма Реџепова, но тој, сепак, нема намера да подзаспива на ловориките на славата заработувајќи вистинско богатство со свирење на раскошни свадби и големи фестивали. Младиот виртуоз не беше задоволен со таквата кариера и оттогаш гледа како да ја одржи, развие и продлабочи репутацијата што тој и неговиот бенд ја имаат како музичари пар екселанс, освојувајќи ја публиката низ Европа и пошироко. На тој начин тие стекнаа голем број обожаватели.