info@karti.com.mk

ALEXANDER HAWKINS, DAVID MURRAY QUARTET FEAT. SAUL WILLIAMS

октомври

18

800 мкд

20:00

МОБ

ALEXANDER HAWKINS

ALEXANDER HAWKINS, DAVID MURRAY QUARTET FEAT. SAUL WILLIAMS skopje jazz festival 

Организатор на настанот: Skopje Jazz festival

Александар Хокинс е широко признат како еден од најиновативните и најимагинативните британски пијанисти и композитори. Тој е самоук музичар, со огромна љубов и длабоко познавање на џез-традицијата што, заедно со класичните референци, ја пренесува во своите композиции и импровизации. Неговиот посебен, уникатен звучен универзум се обликува низ потрагата по помирување на љубовта кон слободната импровизација и длабоката фасцинација од  композицијата и структурата. Покрај солистичките настапи, тој работи во широк спектар на креативни контексти, вклучувајќи ја водечката улога и компонирањето за неговиот квартет и ансамбл, во дуо со Еван Паркер, Џон Сурман, Хан Бенинк, Софија Јернберг, како и во проекти на современите музички лидери - Џо Мекфи, Ентони Брекстон, Маршал Ален, Вадада Лео Смит, Хамид Дрејк, Роб Мазурек, Матана Робертс, Шабака Хатчингс, Луис Мохоло и етио-џез пионерот Мулату Астатке. Неговите концертни ангажмани му донесоа настапи на големите клупски, концертни и фестивалски сцени низ целиот свет.

DAVID MURRAY feat. SAUL WILLIAMS

ALEXANDER HAWKINS, DAVID MURRAY QUARTET FEAT. SAUL WILLIAMS skopje jazz festival

Кога зборуваме за Дејвид Мареј, несомнено мора да го имаме предвид неговото долго музичко патешествие: речиси и не постои музичар кој со толку страст и посветеност ги има проучувано поврзаноста и кратенките меѓу авангардата и традицијата и во тој процес стекнал уметнички профил што го прави единствен меѓу саксофонистите од неговата генерација. Како голем љубител на поезијата, која секогаш била во служба на неговата музика, тој го запознава њујоршкиот слем-поет, рапер, писател, музичар, колумнист и актер Сол Вилијамс, на погребот на нивниот заеднички пријател, врвниот поет и активист на Black Power движењето, Амири Барака. Следниот ден се среќаваат и одлучуваат да му оддадат почит на поетот, но и на пионерот на истанбулската џез сцена, неодамна починатиот Мехмет „Мемо“ Улу, којшто ги отвори вратите на Турција за експерименталниот џез преку Акбанк џез фестивалот и преку неговиот култен клуб “Babylon” во Истанбул. Така се роди проектот/албумот “Blues for Memo”, каде што фуриозната и бескомпромисна поезија на слем-поетот е вдомена во музиката на легендарниот саксофонист и неговиот квартет. Оваа алхемија функционира беспрекорно во рамките на заедничкиот политички и поетски дискурс, еднакво моќен како и нивната музикалност.