info@karti.com.mk

Скопје Груминг Шампионат 2027

Април

17-18

5150 - 16200 мкд

10:00 - 18:00

Спортски Центар, Марко Божиновски

Оваа класа е наменета за расни кучиња кои се обработуваат претежно со ножици, во согласност со официјалниот стандард на расата. Оценувањето се базира на техниката на работа со ножици, симетријата, балансот, финалната обработка на влакното и способноста точно да се репродуцира карактеристичната силуета и израз на расата. Употребата на машинка е дозволена само онаму каде што тоа го дозволува стандардот на расата.
Класа за чистокрвни кучиња уредени според официјалниот стандард на расата. Се оценува подготовка на влакното, силуета, баланс и почитување на стандардот. Класа за тој, минијатурна и средна пудла. Се оценува прецизност, симетрија, баланс и точност на стилот на шишање.
Класа за чистокрвни кучиња уредени според официјалниот стандард на расата. Се оценува подготовка на влакното, силуета, баланс и почитување на стандардот. Класа за hand-stripping кај раси со тврд тип на влакно (на пр. Wire Fox Terrier, Russian Black Terrier, Airedale Terrier, West Highland White Terrier). Оценувањето се фокусира на техниката, текстурата на влакното, обновувањето на влакното и одржувањето на правилниот расен тип.
Класа за чистокрвни кучиња уредени според официјалниот стандард на расата. Се оценува подготовка на влакното, силуета, баланс и почитување на стандардот. Расна класа за шпаниели и сетери со акцент на природна линија, правилна обработка на влакното и зачувување на типот и функционалноста.
Креативен груминг на модел-кучиња (манекени). Се оценува креативност, техника, симетрија и уметнички израз без ограничување од раса.
Азиски стил на груминг на модел-кучиња со акцент на заоблени форми, меки линии, симетрија и чиста завршница.
Азиски груминг на живи кучиња со акцент на заоблени форми, баланс, израз и креативна но чиста изведба.
Салонска комерцијална класа за миленици со акцент на практичен стил, уредност, состојба на влакното, функционалност и завршница за клиент.
Почетничка класа за студенти и почетници. Се оценуваат основни вештини, безбедност, ракување и основни техники
Тимска класа за двајца почетници кои работат заедно на едно куче. Се оценуваат тимска работа, координација, безбедност, поделба на задачи и финален резултат.
EGA Master Class Exam претставува напреден испит за професионални грумери на највисоко ниво. Испитот се одвива во натпреварувачки услови и има за цел да ја процени техничката прецизност, конзистентноста, контролата при работа и професионалната изведба на груминг техники. Оценувањето се спроведува според EGA критериуми за квалитет на изведба, финален изглед, безбедност при работа и професионален пристап кон третман на кучето.