SKOPJE UNPLUGGED FESTIVAL
Британската сензација Ноисетс, бендот со неколку светски мега хитови доаѓа во Скопје на првото издание на акустичниот фестивал Skopje Unplugged. Атрактивниот бенд од Лондон, кој досега има издадено три албуми, се најпрепознатливи по нивните динамични неповторливи живи настапи. Ќе се претстават во Скопје во акустична формација и ќе ги отпеат најголемите хитови од нивната долгогодишна кариера, како што се: Never Forget You, Don’t upset the rhythm и редица други кои им обезбедија врвни места на светските топ листи и настапи на најголемите светски фестивали, вклучувајќи ги Коачела и Гластонбери. Фетивалот ќе биде едно несекојдневно и уникатно доживување на кровот од пракингот на Скопје Сити Мол и ќе се оддржи во петок на 17ти Мај со почеток во 17.05h. Организаторите, фестивлот го најавуваат и како најголемата аfterwork sunset rooftop забава каде покрај Ноисетс ке настапат и некои од најдобрите македонски изведувачи кои ке бидат објавени во наредните денови. Билетите за ова неповторливо искуство се веќе во продажба со симболична цена од 300 денари а бројот на влезниците е строго ограничен поради интимната природа на настанот.