info@karti.com.mk

ШТА МЕ ОПЕТ СНАЏЕ

март

18

1200-1800 мкд

20:00

Национална опера и балет

ШТА МЕ ОПЕТ СНАЂЕ

Улоги: Анѓелка Стевиќ Жугиќ

Текст : Небојша Ромчевиќ

Режија:Петар Јовановиќ

“Што повторно ме снајде“ е нова монодрама-комедија на актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ.

Преку ликот и судбината на главниот лик Јованка Јока Јаковљевиќ, Анѓелка на духовит, смешен и малку ироничен начин ни раскажува за секогаш актуелната тема РАЗВОД, за животот и предизвиците со кои се бори една жена во доцните 30-ти години по разводот. Што треба да прави разведената жена, како да го најде својот „нов живот“ и “ново јас”? Околината е сурова, конкуренцијата жестока, понудата ретка. Борбата уште повеќе ја отежнуваат најмилите и најблиските луѓе со нивниот куп непотребни и честопати контрадикторни совети. Полудената  и разведена Јока и нејзината шаренолика поддршка во форма на стручни советници - од најдобрите пријателки Цица и Мица, преку баба и мајка, до психолог и астролог.

Сите ликови ги толкува Анѓелка, во нејзиниот фуриозен и веќе препознатлив стил на одлична комичарка.