Ова лето, Струмица станува фестивалски град.
По успешното прво издание, СФЕСТ се враќа уште поголем, погласен и поенергичен. Од 24 до 26 јули, три дена музика, светло, звук и незаборавна атмосфера ќе ја претворат Струмица во место каде што се слави музиката и заедништвото.
Второто издание на Сфест носи повеќе од 3 stages, разновидна музичка програма и настапи од домашни и регионални артисти, создавајќи вистинско фестивалско искуство кое ќе ги обедини љубителите на музиката од целиот регион.
СФЕСТ не е само настан – СФЕСТ е движење.
Фестивал создаден со идеја да остави траен белег и да прерасне во фестивал на градот Струмица, место каде што секое лето илјадници луѓе ќе се собираат за да ја почувствуваат енергијата на музиката.
Подгответе се за 3 дена музика, енергија и моменти што ќе се паметат цела година.
sfest.mk
СФЕСТ 2026
Струмица | 24 – 26 Јули