info@karti.com.mk

RODRIGO AMADO THE BRIDGE THE END

Октомври

18

600 мкд

20:00

Национална Опера и Балет, Скопје

                                                                              

 

RODRIGO AMADO THE BRIDGE / THE END @ Skopje Jazz Festival

RODRIGO AMADO THE BRIDGE


Rodrigo Amado – тенор саксофон

Alexander von Schlippenbach – пијано

Ingebrigt Håker Flaten – контрабас

Gerry Hemingway – тапани


Познат како еден од најзначајните европски импровизатори во моментов, португалскиот саксофонист Родриго Амадо е мајстор на инструментот со беспрекорна техника и фасцинантна експресивност, кој ја прифаќа топло сета слобода што му ја дозволуваат фри џезот и импровизираната музика. Често присутен на листите на најдобри џез музичари во светот, Амадо ужива во соработките со своите фри-џез и импров идоли. Во овој нов квартет, наречен The Bridge, тој обединува три од неговите најсилни долгогодишни влијанија, сите лидери во својот домен: маестралниот германски пијанист Александар фон Шлипенбах, еден од татковците на фри-џезот, со кариера долга речиси шеесет години и безброј клучни формации во историјата на европскиот авангарден џез, потоа норвешкиот волшебник на контрабасот Ингебрит Хакер Флатен, импровизатор кој е во првите редови на креативната музика уште од 1990-тите, како и легендарниот американски тапанар Гери Хемингвеј, кој од доцните 1970-ти наваму настапуваше со Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Дерек Бејли, Ентони Дејвис, Реј Андерсон и Вадада Лео Смит, меѓу другите. Станува збор за вистински раскошен квартет кој лани го издаде „Beyond the Margins“ (Trost Records), албум кој претставува совршена визит-карта за она што ќе го доживееме на нивниот концерт во Скопје. Квартет чиешто име претставува - не само директен омаж на Сони Ролинс и неговиот албум „The Bridge” од 1962 година - туку и мост помеѓу различните јазици, потеклa и генерации, сите обединети преку импровизацијата.

 

 

THE END

 

Sofia Jernberg – глас

Kjetil Møster – саксофон, кларинет, електроника

Mats Gustafsson – саксофон, флејта, електроника

Anders Hana – гитара, бас гитара, лангелеик (langeleik)

Børge Fjordheim – тапани


The End е експериментална музичка група којашто се појави во 2018 година, обединувајќи експлозивна екипа таленти од Норвешка, Шведска и Австрија. Формирана од музичари со долгогодишно искуство во голем број креативни музички ансамбли, како што се Fire! Orchestra, Cloroform, Møster, The Thing, Ultralyd, MoHa, Datarock, The Core, Noxact, NU-ensemble, Brutal Blues и други, The End соединуваат широк спектар на музички влијанија во нешто сосема ново. Поединечно, тие имаат соработувано со имиња како Sonic Youth, Нене Чери, Four Tet, Петер Броцман, Zu, Merzbow, Чик Кореа и многу други, настапувајќи на места толку различни како оперски куќи, рок фестивали, џез клубови, театри, музеи и отворени простори низ целиот свет. Предводени од легендарниот саксофонист Матс Густафсон и колегата виртуоз на саксофонот Кјетил Мостер, The End се својствени и по моќните вокали на Софија Јернберг, а тука се и Андерс Хана и Борге Фјордхajм, со своето огромно искуство во бројни ноиз-џез и креативни состави. Нивната музика е уникатен спој на жесток грајндкор, фри џез и ноиз, збогатен со елементи од мавританската, етиопската, индиската и скандинавската народна традиција. Звукот на групата претставува интензивно, поетско и брутално патување низ нескротливата енергија, мелодичната убавина и соничните експерименти. Концертите на The End се познати по способноста да создаваат нови асоцијации во умот на слушателот, сплотувајќи ги жестоките рок рифови, природната убавина на фолкот и дивите фантазии на џезот во едно кохерентно, но непредвидливо музичко искуство.

Очекувајте ЕНЕРГИЈА

Очекувајте УБАВИНА