info@karti.com.mk

Рамбо Амадеус

декември

04

500 мкд

20:30

Кино Фросина

Рамбо Амадеус

Картите за 3-ти декември се распродадени. Во продажба се пушени картите за второт шоу на 4-ти декември.

rambo amadeus

 

На 3-ти (sold out) и 4-ти декември во кино Фросина: Еден од најавтентичните автори во регионов, Рамбо Амадеус конечно ќе го претстави во Скопје театарско-сценскиот перформанс „Вечер на гломазна поезија“ со кој ја претставува својата поезија во придружба на клавирскиот маестро Иван Алексијевиќ - Панчевац. 

Театарско-сценската програма со трагикомична содржина е комбинација на неговата експресивна, метафорична, духовита и саркастична поезија, проза и филозофија со која постојано ја восхитува публиката предизвикувајќи помешани чувства.

Вечер на гломазна поезија - „единствена претстава која на лаконски, сликовит и непретенциозен начин ги сецира општеството и поединецот кој се обидува да опстане во него и да го пронајде своето парче среќа“.

 Организатор на настанот: Пасворд продукција