info@karti.com.mk

РАДОМИР НЕСТОРОВИЌ - “БЕЗ ПРИТИСОК“

јануари

22

400 мкд

20:30

МКЦ Клуб & Ресторан

РАДОМИР НЕСТОРОВИЌ - “БЕЗ ПРИТИСОК“ stand up special

+ special OPEN MIC session

14.01.2022

МКЦ Клуб & Ресторан
20:30

400 денари

По повод светскиот ден на комедијата 14.јануари, со гордост ви го најавуваме настапот на супер талентираниот Радомир Несторовиќ од Србија, со неговото ново шоу насловено:
"БЕЗ ПРИТИСОК!"

За себе вели: ОК човек.
Цела ноќ ги смислува своите животни планови, преку ден успешно не ги спроведува.
За разлика од неговите другари кои нивните родители ги правеле додека биле пијани, неговите родители биле пијани само кога му го давале името. Еднаш учителката го замолила да ја повтори лекцијата, но тој наместо тоа го повтори цело одделение. Подоцна успешно завршува кондураџиско училиште. Ги четка забите во исто време додека уринира, да не губи време, а после во наредните 3 часа ги истражува сексуалните навики на пустинските Гурбил глувци.
Како и Сократ, така и Радомир знае дека ништо не знае, но со тој одговор не успеа да положи ниту еден испит.
Пали цигари само после секс, и негов животен план е да испуши цела кутија до прва пензија.
Навечер не спие, го мачат тешки животни прашања од типот: како да фрлиш фризби со поминат рок?
„БЕЗ ПРИТИСОК!“ премиерно во Македонија, потполно ново шоу на Радомир Несторовиќ.

Вечерта ќе ја отвориме со "special OPEN MIC session" на кој ќе настапат некои храбри луѓе, кои ќе ги најавиме во текот на следните недели.
Доколку сметаш дека си најсмешниот у друштво и имаш храброст да се качиш на бина, слободно пријави се на skopjecomedyclub@gmail.com, можеби ќе ти дадеме шанса:)