info@karti.com.mk

RADIOHEADJAZZ!

ноември

30

600 мкд

20:00

Филхармонија

RADIOHEADJAZZ!

 

Биг-Бенд на ЗЏМ

Диригент: Зиги Фајгл (Австрија)

Програма:
Најпознатите композиции на една од најпопуларните групи на сите времиња – „Рејдиохед“

Овој маестрален проект под наслов „RADIOHEADJAZZ!“ ќе понуди уникатна содржина - џез-верзии на песните на британската алтернативна рок-група „Рејдиохед“ - група која од своето постоење до денес, изврши огромно влијание на повеќе генерации музичари ширум светот, група која донесе прогресивен, иновативен, моќен звук.
Џез-аранжманите на нивните композиции ќе бидат уникатна фузија меѓу различните музички правци, и тоа за првпат ќе биде претставено на македонската музичка сцена.
И овој пат, зад диригентскиот пулт со Биг-Бендот на ЗЏМ, ќе застане врвниот Зиги Фајгл од Австрија, познат на македонската публика од неговите досегашни фантастични настапи со овој ансамбл.
Со овој проект, ЗЏМ ја проширува својата репертоарна политика, ги проширува естетски хоризонти, го збогатува својот музички израз и профил насочувајќи се кон една поинаква звучна патека.