info@karti.com.mk

ПРОЛЕТНА СИМФОНИЈА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР “АЈГА”

мај

29

300-500 мкд

20:00

Филхармонија

ПРОЛЕТНА СИМФОНИЈА КАМЕРЕН ОРКЕСТАР “АЈГА”

Горди и среќни Ви го најавуваме продолжетокот од низата концерти во нашата сезона.
По концертот на Погорелиќ го најавуваме новиот концерт кој претставува спој на македонска со германска музика, како и македонски оркестар со германски солист.
Големиот виртуоз на виолина Кирил Трусов ќе го отсвири Концертот за виолина и оркестар во e- moll од германскиот композитор Феликс Менделсон, а нашиот оркестар ќе ја има честа да одбележи два големи јубилеи на македонски композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската класична музика.
Повелете и слушнете го добро познатото Македонско Капричо за гудачи од композиторот Драган Шуплевски по повод 90 години од неговото раѓање и не пропуштајте ја нашата изведба и на прекрасната ПРОЛЕТНА СИМФОНИЈА од македонскиот композитор Ристо Аврамовски исто така јубилејно по повод 80 години од неговото раѓање.