info@karti.com.mk

Професионална сомелиерска обука | Ниво 1

декември

11

6150 мкд

09:00

M6 Едукативен Центар

ЕДНОДНЕВНА ПРОФЕСИОНАЛНА СОМЕЛИЕРСКА ОБУКА

Wine Server



Прва во низата обуки кои ќе следат, наменети првенствено за угостителскиот сектор, но и за останатите бизнис сегменти поврзани со вината и јаките алкохолни пијалоци.
Креиравме три нивоа на обуки:

MASOM Wine Server
MASOM Assistant Sommelier
MASOM Certified Sommelier

Првото ниво "Wine Server" е основа на која кандидатите ќе се стекнат со основнни вештини и познавање од областа на вината. За оваа обука не е потребно никакво предзнаење.

Кандидатите низ практични вежби и дегустации, како и теоретски дел ќе ги поминат основите на:
- Лозарството
- Производството на вино
- Типови и стилови на вино
- Основни вински сорти
- Познати светски вина
- Вовед во дегустација и евалуација на вината
- Вински сервис
- Впарување на храна и вино

За таа намена е изготвен учебник и пропратен материјал за важби, а обуката ја води меѓународно сертифицирано стручно лице за вина и ЈАП.
За крај, кадитатите опционално ќе можат да го проверат своето знаење низ писмено и практично тестирање, а тие кои ќе го положат тестот ќе се стекнат со сертификат издаден од Македонската Асоцијација на Сомелиери - МАСОМ за адекватното ниво.

Бројот на кандидати за оваа обука е лимитиран.

Цена: 6150,оо мкд