Проекција на филмот „Татко мајка сестра брат“ на Џим Џармуш во џебното кино во Лабораториум.
Игран филм · 2025 · 110 мин.
САД / Ирска / Франција · 12+
Актери: Tom Waits, Adam Driver, Mayim Bialik, Charlotte Rampling, Cate Blanchett
Три приказни за односите меѓу возрасни деца и нивните родители, сместени во три различни градови: во САД, две возрасни деца го посетуваат својот остарен татко; во Даблин, две сестри се среќаваат со својата мајка, позната писателка; а во Париз, брат и сестра се враќаат во семејниот стан по смртта на нивните родители. Во својот препознатливо суптилен и хумористичен стил, Џим Џармуш создава тивок портрет на семејната блискост, дистанца, осаменост и љубов.