Проекција на филмот „Горчлив божиќ“ на Педро Алмодовар во џебното кино во Лабораториум.
Игран филм · 2026 · 111 мин.
Шпанија · 12+
Актери: Bárbara Lennie, Leonardo Sbaraglia, Aitana Sánchez-Gijón, Victoria Luengo, Patrick Criado
Приказната следи две временски линии. Во декември 2004 година, режисерката Елса поминува низ тежок период по смртта на мајка ѝ и се обидува да избега од секојдневието преку работа и патување со пријателката Патриша. Во 2026 година, сценаристот и режисер Раул пишува сценарио кое постепено открива дека е приказната за Елса, нејзиниот партнер Бонифасио и нејзините пријатели. Границата меѓу животот и фикцијата станува сè понејасна, додека филмот го истражува односот меѓу личното искуство, инспирацијата и уметноста.