info@karti.com.mk

Празнична Рапсодија бр.3

декември

17

300 мкд

20:00

Филхармонија - мала сала

Празнична Рапсодија бр.3

Празнична Рапсодија и оваа зима повторно со вас!

Новогодишните концерти на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева продолжуваат и оваа година со целовечерен пијано-дуо рецитал насловен Празнична Рапсодија

Со огромно задоволство ве покануваме да бидете дел од Празничната Рапсодија бр. 3на 17ти декември 2022 година со почеток во 20.00 часот во Камерната сала на Македонската Филхармонија.

Пијанистките ќе изведат богата програма од литературата за четирирачно пијано со дела од Волфганг Амадеус Моцарт, Петар Илич Чајковски и Едвард Елгар

Мимоза Ќека и Јована Трајчева остваруваат бројни рецитали низ државата и во странство. Во 2022 година одржаа самостоен пијано-дуо рецитал во Конзерваториумот Јана Дејла во Прага, настапуваат и на фестивалите Concerti del Tempietto и Les Dimanches Musicaux во Рим и Париз, како и за СОС Детско Село Скопје со целовечерен рецитал насловен Есенска Бајка, а во 2019 година започнува нивната Празнична Рапсодија.

 

Јована Трајчева своето основно музичко образование го завршува во класата на реномираниот педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј''. Во 2015 година дипломира, a во 2017 магистрира на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова. Бележи успешни настапи и на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva, Есенски музички свечености. Има одржано повеќе солистички рецитали во градови низ земјата, а како позначаен ќе се спомене рециталот во црквата Св. Софија во Охрид 2017 година. Бележи настапи на натпревари и фестивали во Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, а настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Јована Трајчева е наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј''. 

Пијанистката Мимоза Ќека, се истакнува како рециталист и камерен музичар со своите бројни концерти во земјата и странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, a во 2021 година се стекнува со титулата Доктор по музичка уметност. Мимоза настапува во многу европски градови вклучувајќи ги Париз, Рим, Бристол, Милано, Трст, Сиена, Прага, настапува на музичките фестивали Concerti del Tempietto, на Интернационалниот Фестивал на Франкофонијата Soleil, Siena Summer Festival, а настапува со солистички рецитал и во Gallery MC, Њујорк, САД. Во 2022 го објавува соло албумот NON-FUNGIBLE, достапен на сите стриминг платформи. Мимоза има соработувано со истакнати диригенти како Саша Николовски-Ѓумар, под чија диригентска палка го изведува Концертот за пијано бр. 2 од Камиј Сен-Санс, Бисера Чадловска со која соработува по предметот Вокално Студио при ФМУ- Скопје, а се приклучува и на Ансамблот за современа музика ConTempora. Во 2019 година учествува во проектот TEME (Транснационален европски музички претприемач) во Трст и Камерино, Италија, дел од програмата Music Moves Europe.

Настапи на пијано-дуо Мимоза&Јована

https://youtu.be/aknE4kWOFUw

https://youtu.be/4QVqASnp-vQ

https://youtu.be/tZheh9Ea3Tc

https://youtu.be/56he55-2Ymc

https://youtu.be/U3cMqP1yJ0M

https://youtu.be/DXbiEVfwKo8