info@karti.com.mk

PLACEBO

јуни

25

1500 мкд

21:00

Стадион АРМ

SEE YOU AT THE BITTER END FRIENDS!
ГОЛЕМИТЕ PLACEBO НА СКОПЈЕ ГОРИ 20.20!

ОДЛОЖЕН

Placebo

Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес. 

А PLACEBO се дефиниција за тоа!

Затоа, со огромно задоволство ви најавуваме дека PLACEBO доаѓаат на возобновениот рок настан СКОПЈЕ ГОРИ ФЕСТИВАЛ 20.20, со ексклузивно шоу во регионот!

Како во моментов звучи во живо еден од најмоќните светски рок бендови, публиката од Македонија и од регионот ќе може да види и да слушне на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Дека е задоволството големо што Скопје и Македонија ги имаат PLACEBO, не треба ни да се спомене, само треба да се види листата на големи фестивали каде ќе настапат ова лето: Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија итн...

Со повеќе од 12 милиони албуми продадени во светот досега, Placebo е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, Placebo добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот David Bowie. 

Placebo досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Placebo имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин.