info@karti.com.mk

Пијано Рецитал - Олга Здоренко – Бетти

септември

28

400-500 мкд

20:00

Филхармонија - мала сала

            МГ Мјузик Продукција и Окса Проџектс ви претставуваат!

Целовечерен пијано рецитал на светски познатата Италијанско – Украинска пијанистка Олга Здоренко – Бетти.

Олга повеќе од три денцении е присутна на светската пијанистичката сцена како концертен пијанист и солист со најпрестижните светски оркестри како што е и нејзиниот настап како солист со маестралната Берлинска Филхармонија, како и со  оркестарот на Малер Академија предводена од легендарниот Клаудио Абадо.

За неа пишуваат најреномираните италијански весници, и ќе кажат:

„Олга изразува искреност и романтизам додека свири на пијаното. Може да се каже, директно  како од книга од 1800-тите. Таа има прекрасно чувство за ритам и успева да го извлече невообичаено спокојниот карактер на концертот. Внимателна на лирските рефлексии на делото, таа покажа совршена техничка виртуозност; на моменти многу лесни, и на други меланхолични со моќни акорди”.

Corriere della Sera

„…Мораме да се ограничиме да зборуваме речиси само за пијанистката, истрајна  и русокоса, која покажа не само храброст, туку и нешто повеќе. Таа успеваше на моменти со благодат, а понекогаш со сила да ја покаже својата постигната вештина во надминување на недостапните тешкотии на партитурите за пијано“.

La Repubblica

„...Пијанистката даде доказ за суперлативно техничко мајсторство, надвор од бисерен допир, речиси како Шопен“.

La Stampa

На програмата се дела од Шопен. Неповторливите 24 Прелудиуми и легендарната Соната во б-мол.

Мала Сала на Филхармонија, Скопје, 28 Септември 2023, 20 Часот.

Бидете дел од овој ексклузивен настан.

Ве Очекуваме!