ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ
ДВА ПРЕДБОЖИЌНИ КОНЦЕРТИ НА КАРОЛИНА, ДУКЕ И ИСМАИЛ!
,,ПЕСНИ ЗА ЉУБОВ И КОПНЕЖ”
3ТИ И 4ТИ ЈАНУАРИ, МОБ
20:00
За финале на скопскиот маратон, овој пат на уште поинтимна локација - Македонската опера и балет!
Да не должиме многу.
Поминаа концертите.
Беа пет во три дена.
Кој беше, виде и почувствува.
Поради навистина неверојатен интерес и притисок за влезници изминативе денови, како и фактот што Дуке и Исмаил остануваат во Македонија и во првата недела од јануари, се одлучивме да направиме уште два концерти, како би можеле оние кои не дојдоа до влезници за изминатите концерти овој пат тоа да го сторат.
Овие два концерти се на поинтимна локација со помал капацитет (само 650 места од вечер) - Македонската опера и балет, која исто како и Македонската Филхармонија, во својата ДНК го има она што овие концерти го претставуваат суштински.