info@karti.com.mk

PERPETUUM JAZZILE

февруари

10

1500-2500 мкд

20:00

Филхармонија

Светската музичка сензација “Perpetuum Jazzile” во Скопје

Еден од најголемите и најспектакуларни вокални состави во светот “Perpetuum Jazzile”  на 10.02.2023 во Македонска Филхармонија во Скопје. 

“Perpetuum Jazzile” е вокален оркестар од Словенија, посебно ценет од страна на светските музички критичари, кој својата интернационална популарност ja стекна со своите јаки ритмови, кои поседуваат богата хармонија, уникатна креативност, позитивна енергија и разноликост на музички жанрови, кои членовите ги создаваат само со своите гласови, пеејќи познати светски хитови од најразлични музички стилови, поп, рок, џез, госпел, блуз, боса нова, диско, фанк, етно....

Нивната музика користи посебен стил т.н. beatbox , кој вклучува импресивен сет на бубњеви, звуци и ритмови, кои се создаваат само со устата. Покрај импресивните вокални изведби, членовите на оркестарот користат раце, нозе и други делови на телото, како би креирале и интерпретирале секакви видови на звуци, како дожд, олуја, слетување на авиони, потоци, извори, бранови и други природни појави.

Богатиот концертен репертоар на „Perpetuum Jazzile“ вклучува единствени вокални обработки на светски познати музички звезди, ABBA, Toto, Michael Jackson, The Queen, David Guetta, Lady Gaga, Earth, Wind & Fire, Billy Joel, David Bowie, Joni Mitchell, George Benson, Bee Gees......., како и сопствени интерпретации и обработки на народни песни. Вокалниот оркестар пее на различни јазици: англиски, португалски, шпански, италијански, германски, хрватски, словенечки, македонски и др. 

Нивните концерти, покрај тоа што даваат на публиката уникатно музичко искуство, пропратено со јака енергија и страст од секој музичар поединечно, креативните вокални аранжмани  импресионираат голем број на музичари во светот, трогнати од величенствениот звук кој не се очекува од човечки гласови. 

„Perpetuum Jazzile” – е формиран од уметничкиот водител Марко Тиран во 1983 год. под името Gaudeamus, а покасно името е променето во „Perpetuum Jazzile”

 Денес „Perpetuum Jazzile” е најпопуларен вокален оркестар на социјалната мрежа Youtube, со повеќе од 90 милиони прегледи, со што влегуваат на пописот на 40 најпопуларни видеа. Во 2008 година „Perpetuum Jazzile” ја добиваат словенечката награда за посебно достигнување “Viktor” од како нивната преработка на песната “Afrika” од Toto, постигнува светски успех.