Ексклузивна музичко-сценска вечер со Павле Камилоски & Камерен оркестар
4 ноември | Македонска филхармонија/ 20ч.
Постојат гласови кои не само што пеат, туку раскажуваат приказни, будат спомени и носат емоции кои остануваат долго по последниот аплауз.
Павле Камилоски е еден од најпрепознатливите и најавтентични изведувачи на медитеранската и домашната музика.
Уметник, чиј раскошен вокал, интерпретација и сценска харизма, успеваат да ја доближат магијата на италијанската канцона до домашната публика.
Неговите настапи се препознатливи по музичката префинетост, но и по искрената комуникација којашто тој ја има со слушателите, создавајќи атмосфера која потсетува на најубавите музички вечери на Медитеранот.
На 4 ноември, во големата концертна сала на Македонската филхармонија, Павле Камилоски ќе ја поведе публиката на уникатно музичко патување низ безвременските италијански класици, најпознатоте македонски евергрини и својата авторска музика, спојувајќи две музички традиции во една единствена концертна приказна.
Концертот е замислен како ексклузивно музичко и визуелно доживување, реализирано со гудачки оркестар, бенд во живо, современо сценско осветлување, внимателно осмислена продукција и специјални гости кои дополнително ќе ја збогатат вечерта. Целта е да се создаде концертно искуство на највисоко професионално ниво, достојно за реномето на Македонската филхармонија и очекувањата на публиката.