info@karti.com.mk

Наслов

Август

22-23

400-600 мкд

20:00

Градски Парк - Битола

Ви го најавуваме четвртото издание на Парк047 Фестивал – Човечка интеракција
Два дена летна магија, таму каде што музиката, уметноста и доброто друштво се мешаат во едно.
22–23 август, 2025 година
Градски Парк – Битола
Во време кога сме презаситени од сѐ што се случува околу нас, лесно се оддалечуваме еден од друг. Затоа „Човечка интеракција“ не е само тема, тоа е повик. Повик да се погледнеме во очи, да споделиме насмевки едни со други, да танцуваме, да раскажуваме приказни со блиските, но и со луѓе што допрва ќе ги запознаеме – воедно да создаваме нови спомени. Целта оваа година е да се потсетиме на нашата природа и човековата комуникација. Луѓе. Тука. Заедно.