info@karti.com.mk

ПАМТИМ САМО СРЕТНЕ ДАНЕ

февруари

24

1500-3000 мкд

20:00

Филхармонија


Music Time Ви претставува уникатен концерт во изведба на Македонска Филхармонија

„ПАМТИМ САМО СРЕТНЕ ДАНЕ“

Публиката ќе има можност да ужива во безвременските хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Нови Фосили, Сребрна Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи.....како и од авторите Зринко Тутиќ, Хусеин Хасанефендиќ-Хуса, Рајко Дујмиќ, Ѓорѓе Новкович,  Дјони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поразличен аранжман, направен од Јосип Цвитановиќ, Олја Десиќ и Иван Попескиќ.

Солистите во придружба на Македонска Филхармонија, со која ќе диригира Јосип Цвитановиќ, ќе се обидат во една вечер, да направат мал пресек на хитови од Загребачката поп рок школа, како што се Памтим само сретне дане, Кошуља плава, Данас сам луда, За добра стара времена, Љубавна, Још и данас замирише трешња, Мој бијели лабуде, Голубови..... и многу други.

Како вокални солисти ќе настапат  легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Арсиќ, Агни Авшар, Мартина Мајерле..

 

Почитувана публико,

 Ја користиме оваа прилика, да Ве информираме, дека уметничката Габи Новак за жал нема да настапи на концертот „ПАМТИМ САМО СРЕТНЕ ДАНЕ”, бидејки сѐ уште се опоравува од скршениците на раката и колкот и неизвесно е кога ќе оздрави.

Концертот ќе се одржи на 24.02.2024 година во Македонска Филхармонија со почеток во 20 часот.

Во придружба на музичарите од Македонската Филхармонија под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ, ќе настапат легендарните солисти Владо Калембер и Јурица Паѓен, како и Дејан Цукиќ, Аида Мушановиќ-Арсиќ, Агни Авшар и други.

 Жалиме за болеста на Габи Новак и ѝ посакуваме брзо опоравување.

Ви благодариме на разбирањето.

 Со почит

Чуј и Почуј Продукција

 

Доколку настанатата состојба не е во согласност со вашите интереси ве молиме најдоцна до 19.02.2024 да нѐ известите на info@karti.com.mk за да извршиме рефундација на вашите уплатени средства.